https://www.flickr.com/photos/106560896@N07/22197070562/in/photolist-zPtMK9-2gCBJLT-2k75G2A-FBhKPY-2hKWipo-2gMrvGo-2kBE5bk-2dV4FaR-v3F6Cd-AR3vRy-4WvTz8-2kBDM8T-Qt29i5-2jixiJ2-2jFwiru-2hhL7rD-R7UTFF-2ioemf2-Jhd4Ea-2iDNUMa-2kk4foj-2jpCv65-q3ARgD-7gsRRs-2cabDui-2jj6LcK-HPjWtW-5AGCTg-GFhobd-2ip9RAM-Qz9wrE-bEdXL-GvhPk6-5wMJwk-2hwPJbD-ZiDAXA-8xcpNw-QvEBLH-n6Kc-Mc6yzL-dEJHAz-2ik9xxH-2g6H3NC-qyVvTU-7WgpU4-aFutqM-pM5DcD-pvp8Lw-7tLTAU-KbdGNX

30.09.2022 Скопје

На денешната 86. пленарна седница треба да се расправа за предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Премиерот Димитар Ковачевски повтори дека на 15 Октомври ќе почне грејната сезона во Скопје и парно ќе има, како и дека се во тек преговори со Србија и Турција за обезедување енергенси. Воедно, посочи дека Економско-енергетскиот совет веќе донесе одлуки според кои сите училишта во земјава се ставаат на регулираниот пазар, а болниците ќе добиваат поевтина струја преку ЕВН продажба.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека ако се потпише договор со Србија, земјава ќе набави гас по најмалку три до четири пати пониски цени од берзанските и доколку се финализира договорот со купениот гас од Србија, ќе се произведува електрична енергија, од која дел потоа ќе се продава назад во Србија, а дел ќе се понуди на домашното стопанство.

Според владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов, доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени, тогаш постои резервна варијанта, а тоа е работа на мазут.

Економско-енергетскиот совет донесе одлуки да почне постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, потоа на регулираниот пазар да бидат основните и средните училишта, а сите јавни здравствени установи да бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската.

Се уште нема исход од разговорите за функционирање на когенеративната постројка ТЕ-ТО во грејната сезона, како и помеѓу државната ЕСМ со „Адора“ за топланите Исток и Запад. По инсистирањето на „Адора“ за продажба, а не за закуп на топланите, од Владата најавија дека доколку не се постигне решение согласно со Законот за упрвување со кризи, државата има право да ги стави на располагање сите ресурси, и на државата и на јавните претпријатија и на приватните компании.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author