https://commons.wikimedia.org/wiki/File:MSC_2014_Dacic_Mueller_MSC2014.jpg

27.09.2022 Скопје

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ, изјавил дека во овие тешки денови му изразува целосна поддршка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во одбраната на националните и државните интереси.

Како што истакнал Дачиќ, Европската Унија и Западот молчат а со самото тоа ги одобруваат постапките на Приштина, молчат и за најновите резултати од пописот во Хрватска, каде што продолжува протерувањето на Србите, молчат и на барањата за ревизија на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина, каде се бара укинување на Република Српска, молчат и кога министерствата за надворешни работи на Албанија и Косово потпишуваат различни договори со кои се предвидуваат заеднички дипломатски претставништва и помош во признавањето на Косово.

Дачиќ истакнал дека ЕУ и Западот реагираат само кога треба да и се закануваат на Србија, како што е сегашната ситуација за консултациите на министерствата за надвирешни работи на Србија и Русија.

Дачиќ исто така кажал дека ЕУ и Западот немажат никако да сватат дека никаков непринципијален притисок и закани нема да влијаат врз претседателот Вучиќ за да ја смени својата политика.

Во овој тежок период за нашата држава и нашиот народ, потребно е да се биде обединет и ги повикувам сите политички партии да застанат зад политиката на претседателот Вучиќ, мојата партија и јас лично ќе стоиме цврсто во поддршката на претседателот Вучиќ, за зачувување на мирот и заштита на нашите национални и државни интереси, изјавил претседателот на Социјалистичката партија Ивица Дачиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author