27.09.2022 Скопје
Европратеникот Илхан Ќучук соопштил дека бил домаќин на гостинска група во Брисел, во која биле вклучени ученици од Северна Македонија и Бугарија, кои за време на тридневната посета биле дел од натпреварот „Нацртај ја Бугарија, нацртај ја Македонија“.
Автори на делата биле ученици од ОУ „Исмаил Кемали„ од Општина Чаир од Скопје и матуранти од СОУ „Вела Благоева“ од Велико Трново. На средбата со учениците и европратеникот Ќучук биле присутни и вицепремиерот Бијан Маричиќ и амбасадорите на двете држави.
Ќучук истакнал дека мора да се градат мостови меѓу двата народа, младите се иднина на двете земји и примерот кој ќе го дадат е многу значаен за градење на добрососедски односи. Исто така европратеникот истакнал дека ќе продолжи да развива вакви активности бидејќи со заедницки сили ќе може да се постигне многу повеќе во заедничката комуникација.
Ќучук изјавил и дека многу гордо се осеќа и му е мило што децата од Бугарија и Северна Македонија уште од најмала возраст можат да ја видат одблизу Европската Унија и да се запознаат со работата на европските институции.
Само со вакви средби единствено ќе има можност да се изгради европска самосвест и секако пријателски врски, кое за жал нашите генерации немале можности, изјавил вицепремиерот Маричиќ.
Подготвено од М.Н.