26.09.2022 Скопје
Чешкиот министер за надворешни работи, Микулас Бек, изјави дека чешкото претседателство со Европската Унија ќе подготви „божиќен пакет“ со предлози за реформа на Унијата, со цел да ги привлече оние членки што не се убедени за потребата од реформи, додавајќи дека останува нејасно каква ќе биде судбината на пакетот и дека неговата земја најверојатно ќе инсистира на флексибилност во процесот на проширување.
Бек истакна дека за чешката Влада, геополитичкото зајакнување на Украина е прашање на национална безбедност. Исто така, објасни дека до идејата да изготви „божиќен пакет“ чешкото претседателство со ЕУ дојде откако ги доби резултатите од прашалникот што летото беше испратен до државите-членки. Резултатите покажале дека националните влади во моментов не се многу отворени по прашањето за реформи на Унијата, додека пак Скандинавските држави не се склони кон отворање на Договорот за ЕУ. Според Бек, пакетот е единствениот пат напред.
Претходно месецов, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во нејзиното обраќање за состојбата на Унијата ја поддржа уставната конвенција за реформирање на Договорот на ЕУ, нагласувајќи ја потребата лидерите да бидат сериозни за реформите во ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.