https://www.facebook.com/TheBritishMonarchy/photos/pb.100050232861148.-2207520000../5477253775629741/?type=3

10.09.2022 Скопје

Кралот Чарлс III денеска и официјално беше прогласен за нов монарх на состанокот на Советот за наследување на тронот во палатата Св. Џејмс во Лондон.

Церемонијата на прогласување на нов крал, за прв пат во историјата се пренесува во живо. Вториот дел од свечената церемонија започна со говорот на новиот крал Чарлс III, кој првично се обрати и зборуваше за смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Кралот Чарлс изрази сочувство до остатокот на кралското семејство и зборуваше за тоа колку било важно владеењето на неговата мајка сиве овие години. Новиот крал на крајот од говорот рече дека се моли за помош и водство од Бог во текот на неговото владеење.

Настанот се следеше од целата нација ширум светот, но и од многу присутни граѓани кои присуствуваа пред палатата Св. Џејмс додека траеше крунисувањето на новиот крал.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *