09.09.2022 Скопје
Новиот британски крал Чарлс вчера, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, изјавил дека загубата во моментов е најголемата тага за него и за целото кралско семејство.
Во соопштението од кралското семејство Чарлс објавил дека смртта на неговата сакана мајка кралицата Елизабета Втора во овој момент е најголема тага за него и за целото негово семејство, целото семејство е во длабока жалост за смртта на почитуваната владетелка и сакана мајка, стои во соопштението од кралското семејство.
Кралот Чарлс исто така напишал дека оваа загуба длабоко ќе биде почуствувана низ целата земја, кралството и Комонвелтот, а и меѓу безброј луѓе низ целиот свет.
Во соопштението на кралот Чарлс стои дека во овој период на жалост и промени, неговото семејство и тој лично ќе имаат утеха и поддршка во сознанието за почитта и длабоката наклонетост која ја имаше кралицата Елизабета Втора.
Подготвено од М.Н.