https://www.facebook.com/organizacijanapotrosuvacitenamakedonija/photos/1835776766636880

29.09.2022 Скопје

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија апелираат да се носат нови мерки по нови механизми за заштита на потрошувачите поради растот на цените.

Во врска со порастот на цените и дали може да има поголем контролен механизам што ќе може да го спречи тоа, Организацијата на потрошувачи на Македонија информира дека цените на продуктите растат енормно високо и потрошувачите се жалат. Воедно, ОПМ апелира да се носат нови мерки по нови механизми и дали е тоа на некој начин вештачко покачување, односно колку трговците и производителите имаат високи трошоци за цените за да ги менуваат од денес за утре и тоа за можеби половина повисока цена, што не е толку логично во овој сегмент.

Мартина Грнчаревска од Организацијата на потрошувачи на Македонија изјави дека со новиот закон, којшто треба да помине во Собрание, ќе има поголеми казни за нефер трговските пазарни пракси.

Освен цените, Грнчаревска истакна дека најчести поплаки се за производи од бела техника и технички апарати и неможност на остварување на правата од гаранции и сервисирања, недоставувањето на мебел, како и онлајн продажбата, нелегалната фејсбук продажба, за којашто постојано апелира до потрошувачите да не нарачуваат или да внимаваат од кого нарачуваат.

Грнчаревска се надева дека со новите мерки, кои ги најавува министерот за економија, ќе се регулира повеќе овој сегмент и ќе постои поголема потрошувачка заштита, бидејќи во спротивно целата сиромаштија ќе доведе до пад на потрошувачката кошничка и потрошувачите да не можат да си ги дозволат секојдневните потреби.

Организацијата на потрошувачи го доделува сертификатот „Фер со потрошувачи“ на компаниите кои потрошувачките права ги заштитуваат повеќе, се грижат за здравјето и безбедноста на потрошувачите, односно нудат поквалитетни и безбедни производи, се грижат за оддржлива потрошувачка и имаат фер пазарни практики кон потрошувачите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author