https://www.flickr.com/photos/klicknflash/16010550413/in/photolist-qoNfQD-HbazXN-87Kaba-apHKjB-8Ph1j5-ouXv4Q-cj42U9-kPy5uX-h6xwH9-e9keJx-bsXdrK-8nW229-25meTXj-PvaPiY-ZP9Tyj-2dsG7G5-XyW4Ps-d6fdGU-rHUiKi-225o7tb-bvvGMR-bZdgPf-29n3aZf-6FTUwV-7xjrz6-2fj5sCD-dmtmcR-or1y1m-bCVEPe-9n5jg7-dyh381-mvfw87-r2kQbf-9ekjzH-e478fZ-6k6SpA-NhCcSP-nAsZUN-27Gg9e3-ddMX5P-mTzqRM-9FmQCD-rKo6r9-F4Uzr3-aE899g-bsKebC-aLBjnk-8KyKtp-g1rjtP-261V4qN

27.09.2022 Скопје

Една седмица пред почетокот на новата академска година, студентите се уште немаат информација дали во новата академска година ќе има субвенциониран студентски оброк.

Министерството за образование и наука, во август, не спровело јавен повик за пријавување за студентски оброк, што не беше случај минатата година кога за првпат го воведе државата.

Пратеничката група на ЛДП беа предлагачи на Законот за субвенциониран студентски оброк, по примерот на Словенија. Од ЛДП признаваат дека се доцни со повикот, но објаснуваат дека тоа е со цел да се најде негова системска имплементација и дека средствата ќе бидат исплатени.

Потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова, истакна дека првичното законско решение треба да се врати на сила од оваа академска година и дека тоа предвидува дневна субвенција која што го обврзува студентот субвенцијата да ја троши за оброк, објаснувајќи дека би имало јавен повик на кој ќе се пријават и регистрираат даватели на услуги за оброк и студентот точно ќе знае во кој ресторан или угостителски објект му следува студентско мени.

Во Законот за субвенциониран студентски оброк, поради пандемијата, постоеше одредба студентите да добиваат 2 400 денари месечно на име студентски оброк, но немаше систем за контрола, дали за тоа се користат средствата, а во пракса имаше спротивни искуства.

Моника Зајкова нагласи дека ќе треба да има одредени измени за да се вратат, бидејќи тоа беше преодна одредба. Воедно, и таа се надева дека кога станува збор за студентите дека нема да има блокада на Законското решение и дека истото ќе се направи многу брзо, затоа што веќе академската година ќе стартува.

Моментално, иако постоеше тенденција, нема најави за зголемување на сумата за субвенциониран студентски оброк.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author