19.09.2022 Скопје
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, изјави дека пензионерите до крајот на месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите, согласно новата методологија која е донесена во март 2022 година, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата.
Министерката Јованка Тренчевска истакна дека околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош, кои се вклучени во системот за социјална заштита. Воедно, додаде дека системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти, особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме претставува отворен систем, којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Исто така, постојат и се воведени мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде има две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток, кој вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем.
Министерката за труд и социјална политика, заедно со министерот за финансии, како и со останатите министри во Владата креираат нови мерки во пресрет на зимата, со кои очекуваат да ги згрижат барем кои се најранливи во државава.
Подготвено од А.Ѓ.