16.09.2022, Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје има поведено постапка против маж и жена кои се државјани на Р. Бугарија за кои постои сомневање дека сториле кривично дело Измама.
Двајцата соизвршители со прикажување на лажни факти преку телефонски разговор со намера за себе да прибават противправна имотна корист, довеле до заблуда една оштетена со живеалиште во Општина Аеродром.
Користејќи се со измама и презентирајќи на оштетената лажни факти, ја навеле првиот пат да им даде 5 100 евра, а потоа во уште еден наврат уште 2 900 евра. Со оглед на тоа што осомничените се странски државјани без регулиран престој во РСМ, и поради тоа постои висок ризик да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, јавен обвинител од Основниот кривичен суд – Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.
Подготвено од М.Н.