12.09.2022 Скопје
Главен аспект на бугарската и европската надворешна политика е проширувањето на Европската Унија, а особено европската перспектива на Република Северна Македонија и нејзините односи со Бугарија. Бугарската потпретседателка Илијана Јотова нагласила дека секој кој сака да биде дел од европската фамилија, мора да разбере дека тоа не е ниту банка, нито донатор, туку слобода и заштита на човековите права.
Јотова изјавила дека Бугарија сака гаранција за правата на македонските бугари, за вистинско добрососедство, да се почитува историјата и на се тоа како успех вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија.
Бугарската потпретседателка Јотова потенцирала дека внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија ќе биде пример како може да се постигне успех, кога се работи со сите институции и политички партии во Бугарија. Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан влијае и на уште едно големо прашање – Босна и Херцеговина, Србија и Косово и според Јотова овој јазол ќе може да се отплетка само со јасна перспектива за овие земји. Таа посочила дека надворешната политика е тасно поврзана со безбедносната политика, и ја потенцирала темата за мигрантската политика за која веќе осум години не може да се најде соодветно решение.
Јотова истакнала и дека надворешната политика е отсутна од јавната дебата, меѓу водечките теми во изборната кампања во Бугарија и нагласила дека земјата често пати страдала од странски одлуки и не се има обидено да биде целосно дел од европскиот и глобалниот процес на одлучување.
Подготвено од М.Н.