05.09.2022 Скопје
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјавил пред делегацијата од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, дека Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“.
Радев кажал дека покрај сите политички страсти, односите меѓу двете земји стојат на цврста основа, која е надвор од секоја политичка конјуктура. Тоа е поради основата на одлуките на Бугарија за безрезервната поддршка на Северна Македонија од признавањето на државноста и независноста на земјата, преку инсистирање на превентивниот контингент на ОН при распадот на поранешна Југославија, преку обезбедување на помош за време на ембаргото, преку давање на воено-техничка помош, во случај на катастрофи и природни непогоди, изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев, на денешната средба со премиерот Ковачевски во Софија.
Подготвено од М.Н.