https://www.flickr.com/photos/veyoung52/29100960001/in/photolist-Lky2xF-2kxRyDu-2kPEamU-drNjPi-pFH1HR-r3LtVQ-mQkELM-2ZW8R7-CMcxZa-ccs5B7-bcucoT-njB2Fo-Do3eux-Np4hBU-RDoC85-4S8cbC-2jEg9q3-ubpkob-7LoPYX-uFCxFv-8aDQRF-bLfkpk-8tDsPu-ewMiQa-cAksFh-AEiGba-B2ii1M-6Zvg6s-2mK12xr-8CP3Ph-4izhT4-9KkNbq-4wM72w-3wKxZf-4sFnUv-2jakLfB-6mCW5r-nvFxJ-BgvgZR-9ctLmD-dWP1hB-cpda4-b8sva-xGWZG-n868A-JR9tF-2kpTkWP-3XXbYa-CvZEhf-9jB3wz

18.09.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи во Бугарија објави дека Бугарија и Северна Македонија не успеале да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје.

На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов, советник на премиерот на Република Северна Македонија. На состанокот не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија. Воедно, во текот на престојната недела ќе има повторно состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија.

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и премиерот на Република Бугарија, Галаб Донев, на 5 Септември се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author