27.09.2022 Скопје
Британската Лабуристичка партија забележа најголемо водство во анкета пред владеачката Конзервативна партија во повеќе од 20 години, а главната причина за тоа е предлогот на владата за намалување на даноците на богатите, имаат напишано британските медиуми.
Министерот за финансии Кваси Квартенг минатата недела го претставил планот кој што предвидува нејголеми даночни намалувања во историјата, укинување на лимитите на бонусите на банкрите и огромно задолжување а со тоа ги потресува пазарите и го потиснува курсот на фунтата.
според анкетата на Југов, граѓаните воопшто не се задоволни со овој предлог на владата, дел од испитаниците кои ги подржуваат Лабуристите во истражувањето за цели 17 поени е поголем од оној на Конзервативците и со тоа е најголема разлика од 2001 година и од мандатот на Тони Блер.
Најавеното намалување на даноците предизвика голем отпор дури и меѓу конзервативците, па така само 19 отсто од испитаниците сметаат дека предлогот е праведен.
Лидерот на лабуристите Кир Стармер, планирал да го нападне економскиот план на премиерката Лиз Трас, и има изјавено дека наместо да го намалува данокот за богатите, треба да се отвараат нови работни места, да го подобрат образованието на работниците и да се справуваат со климатските промени, и доколку премиерката не е способна за такво нешто да си поднесе оставка и да им отстапи место за нивната партија која ќе се бори за рамноправност за секој граѓанин на Велика Британија а не само за богатите.
Подготвено од М.Н.