https://commons.wikimedia.org/wiki/File:FRONTEX-EU_rgb.jpg

26.09.2022 Скопје

Европската комисија поднесе предлог за потпишување и склучување на договор меѓу Северна Македонија и ЕУ за Фронтекс. Европската Комисија за договорот со граничната и крајбрежната агенција на ЕУ, Фронтекс, го има поднесено на 23 септември до Советот на земјите членки на Европската Унија.

Договорот до сега беше блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик“ во текстот на договорот.

Европската Комисија наведува дека предлогот ќе допринесе за да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нелегалната миграција, борбата против шверцот и засилената безбедност на надворешните границите на Европската Унија.

Комисијата има изјавено и дека договорот ќе содржи силни одредби за заштита на темелните права. Предлогот треба да го одобрат сите земји членки на Европската Унија за да може договорот да биде финализиран и конечно да стапи на сила.

Подготвено од М.Н.

About Author