09.09.2022 Скопје
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања, денеска не го утврдила предлогот судија во пензија, Бранко Секуловски, да биде судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија. Пратениците досега, освен кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, имаат дадено поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер. Овие кандидати, како и Љубомир Јовески, се предложени од страна на владеачките партии.
Од шестмина кои се предложени од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, покрај Секуловски, досега била одбиена и кандидатурата на универзитетскиот професор Саво Климовски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, и Воислав Димовски, кој е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Охрид.
Седницата треба да продолжи со расправа за останатите предложени кандидати, поточно ќе треба да се расправа за предлогот за судијката од Управниот суд, Весна Јовановска.
Подготвено од М.Н.