https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2528567120704676&set=t.100006542380422&type=3

03.09.2022 Скопје

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на неговата изборна кампања, најавил дека доколку Бугарите ги реизберат поранешните владетели, тој повеќе нема да води изборна кампања и нема да се кандидира за функција. Според Борисов, ова била најлесната кампања за ГЕРБ, и на 2 октомври граѓаните на Бугарија треба да одлучат која партија или коалиција ке ја поддржат.

За неефикасната енергетска политика Борисов ја обвинил претходната власт истакнувајќи дека нуклеарната централа „ Козлодуј “ во Бугарија работела со полна брзина, а струјата чинела 45 лева а се продавала по 1.800 лева.

Пратениците пак од партијата на Борисов на социјалната мрежа фејсбук напишале дека веста која се проширила за оставката на Борисов доколку не победи на изборите е лажна да не се шират такви вести во јавноста.

Во статусот на фејсбук стои дека оставката на Бојко Борисов е само една фарса и невистина на електронските медиуми.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *