https://www.facebook.com/NuckKumanovo/photos/a.1671854046432603/3295985160686142/

19.09.2022 Скопје

На годинашното 25. издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кој секоја година се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, наградата „Васил Иљоски“ ќе му биде врачена на македонскиот актер Благоја Чоревски. Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ ќе се одржи на 28 Септември.

Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово објавија дека наградата „Васил Иљоски“ ќе му биде врачена на македонскиот актер Благоја Чоревски на самото отворање на фестивалот.

Благоја Чоревски е роден на 9 септември 1947 година, во Велес. Чоревски е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и актерката Ратка Чоревска, а исто така и неговиот брат Борис Чоревски е истакнат македонски актер.

Благоја Чоревски е македонски глумец и режисер, општественик и државник. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година, а истата година станал и член на Драмскиот театар. Од 1983 до 1998 година, Чоревски бил директор на Драмскиот театар. Додека пак, од 1998 до 2001 година бил заменик-министер за култура во Владата на Македонија. Воедно, Чоревски бил член и висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз.

Чоревски е познат по своите улоги во „Исправи се, Делфина“, „Среќна нова ’49“, „Викенд на мртовци“, „Тетовирање“, „Пресуда“, „Преспав“, „Битолски лакрдии“, „Балкан бенд“ и многу други телевизиски филмови и серии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author