https://www.facebook.com/photo?fbid=491590712979245&set=pcb.491590782979238

28.09.2022 Скопје

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресорси и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон.

Вицепремиерот на почетокот на средбата му посакал добредојде во Северна Македонија и му изразил сочувство за смрта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета Втора, со желби за успех понатаму со Неговото Величество, кралот Чарлс Трети.

Двајцата соговорници разговарале за економските приоритети на Владата, тековната и идната економска соработка меѓу двете земји, како и можностите за развој на истата, бидејќи Обединетото Кралство се традиционално силни економски партнери на Северна Македонија.

Амбасадорот Лосон се заблагодарил за топлиот прием и изразил многу голема надеж дека партнерските односи и одличната соработка ќе бидат приоритетни и во неговиот мандат.

Вицепремиерот Битиќи упатил благодарност за досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја нуди во развојот на Северна Македонија, реализирајќи неколку проекти преку кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, како Единицата за следење на капитални инфраструктурни проекти и креирањето на Националната Развојна Стратегија 2022-2024.

Подготвено од М.Н.

About Author