https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/photos/pcb.5878730578827663/5878719948828726

20.09.2022 Скопје

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, информираше дека е успешно започната реализацијата на проектот за бесплатно пливање на првачињата и лицата со попреченост на територијата на Општина Аеродром. Муцунски додаде дека за правилен подобар психо-физички развој на најмладите, Општина Аеродром го спроведе најновиот проект „Учиме да пливаме“. Воедно, објасни дека станува збор за проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост, како и дека со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор, како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад.

Проектот е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром и во реализација на „Скај велнес“.

Градоначалникот Муцунски истакна дека е големо задоволството кога децата се среќни, а овој проект кој опфаќа повеќе од 1 000 дечиња го покажува токму тоа и нагласи дека приоритет на Општина Аеродром се најмладите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author