06.09.2022 Скопје
Поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиевска-Војновиќ во интервју за една национална телевизија, изјави дека овој период инфлацијата е многу висока, а има многу низок економски раст.
Од Владата кажуваат дека целиот регион е во криза, но ако се споредат податоците со другите држави од нашата околина, ние имаме најнизок раст на инфлација. Кадиевска-Војновиќ упати критики до власта бидејќи, според неа не очекува тежок период, а Владата, како што рече, нема никаков правец за решавањето на енергетската криза во државата. Кадиевска-Војновиќ кажа и дека многу дволично е за една Влада за која во една скопска општина не се плаќа струја, народот да ја плаќа таа струја. Арачиново е на дното со плаќање на данок на имот, а министерот за економија со магично стапче им го реши проблемот и со струјата, па нека се потруди да го реши и проблемот на многуте сиромашни семејства кои што не се во можност да си ја плаќаат сметката за струја. Многу е дволично да имате толку многу сива економија во атмосвера на тотален хаос, а со полна уста за ЕУ. Во ЕУ вакво нешто не постои, потенцирала Кадиевска-Војновиќ.
Рецесијата веќе ни чука на врата, ќе има намалени активности во сите сегменти, не само кај нас туку во Европската Унија, изјавила поранешната вицегувернерка.
Дали денарот ќе биде стабилен, дали ќе бидат неопходни нови задолжувања, како ќе се сервисира јавниот долг, за фискалните недостатоци и за најавите за даночните реформи, Владата треба да си ја сфати сериозно ситуацијата и да си го заштити своето население во ова кризно време кое допрва ќе земе поголем замав, изјавила поранешната вицегувернерка на НБРМ.
Подготвено од М.Н.