17.09.2022 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден го предупредил рускиот претседател Владимир Путин, да не користи хемиско или нуклеарно оружје во војната со Украина.
Во интервју за една светска телевизиска агенција, американскиот претседател бил запрашан за тоа што би му рекол на Путин доколку тој размислува за да употреби хемиско или нуклеарно оружје, Бајден одговорил дека би му рекол дека со тоа ќе биде променето лицето на оваа војна и ќе биде исто како што била Втората светска војна.
Претседателот на Америка одбил да елаборира за тоа што би направиле САД доколку рускиот претседател Владимир Путин отиде предалеку со таквите можности.
Бајден изјавил дека ако се случи такво нешто, Русија ќе биде поомразена земја во целиот свет, отколку што некогаш била, и во зависност од обемот на она што ќе го направат, ќе биде одреден соодветен одговор.
Подготвено од М.Н.