https://www.flickr.com/photos/cornstalker/48309160576/in/photolist-2gAVCWy-2gAV5nE-nE91o9-2hTaZX9-dqdQhS-2k4knpo-2hTaZ4a-2hT9XhW-2hTb31T-2hT7phz-2hTb35R-2hTb2XB-2hT7syQ-2kg3ZvH-2hTaYN5-2hT7oeC-2hT7o1r-2hT9Vwr-2hT9Wgs-2hTb1Li-2hTb2QY-2hT7rbp-2hTaYVp-2hT9WqL-2hTb2F9-2hT7rjv-2hTaZbz-2hT9VCU-2hT7obb-2iDiUhR-2gAV4zs-2iDgaQh-2hTb3rH-2gAVCSR-2gAVDh8-2gAVD61-2gAV5e8-2iDiU7W-2gAV5Bs-2gAV5xp-2gAVDvu-2gAV5jo-2gAV64e-2gAVDFp-5hYyve-2gAV4QT-xTN4Ki-ybZ2jK-2hT9Ttt-ybij3t/

28.09.2022 Скопје

На социјалните мрежи кружи видео на кое американскиот претседател Џо Бајден, во февруари оваа година, изјавил дека ќе му стави крај на рускиот гасовод „Северен тек 2“, доколу Русите ја преминат украинската граница.

Откако претходните денови цевките на „Северен Тек 1“ и „Северен Тек 2“, кои поминуваат под морето кај Шведска и Данска почнаа да протекуваат по серија мистериозни експлозии, кои биле забележани од Сеизмолошките центри на двете држави, се појавија безброј шпекулации за тоа кој е виновен за тие напади.

Некои медиуми тврдат дека САД стои зад овој напад бидејќи сега Германија ќе треба да купува повеќе природен гас од САД и тоа по пет пати поголема цена.

На видеото кое кружи од американскиот претседател Бајден, се слуша како му поставуваат прашање за тоа како САД ќе стави „крај“ на “Северен тек 2“ кога пушањето на гасоводот е во контрола на Германија, Бајден кратко одговорил и ветил дека САД ќе може тоа да го направи.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *