https://www.facebook.com/photo/?fbid=564067565720211&set=a.356649399795363

16.09.2022 Скопје

Анериканскиот претседател Џо Бајден, сака Конгресот да бара одговорност од социјаните мрежи, поради секојдневното ширење на говор на омраза.

Бајден рекол дека Америка веќе долго време ја чувствува линијата на омраза кон малцинските групи, на која политиките и медиумите во последните неколку години и давале премногу значење.

На настанот, исто така им било оддадено признание на заедниците кои претрпеле напади врз основа на омраза. Бајден добил бурни овации кога рекол дека сака Конгресот да ги повика социјалните медиуми на одговорност за ширење на омраза. Белата куќа повикала на укинување на законите кои ги штитат онлајн – компаниите од одговорноста за содржината која е објавена од корисниците, а исто така го имаат поддржано зголемениот притисок врз технолошките компании во форма на антимонопол и транпарентност.

Големите технолошки компании на самитот во четвртокот ветија дека ќе превземат нови чекори во борбата против онлајн – екстремизмот со отстранување на повеќе насилни содржини и промовирање на медимска писменост кај младите корисници.

Сопственикот на Фејсбук Мета, најавил дека ќе се здружи со истражувачите од Центарот за тероризам, екстремизам и контратероризам на Институтот за меѓународни студии, Мидлбери.

Подготвено од М.Н.

About Author