https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/624290542656214

15.09.2022 Скопје

Денешната седница за советнички прашања на Град Скопје помина со многу кавги и обвинувања. Градоначалничката Данела Арсовска и советниците на ВМРО – ДПМНЕ, кои што изминатава година беспрекорно се поддржуваа на денешната седница се навредуваа едни со други.

Обвиненијата кои си ги упатуваа меѓусебно беа за провизијата од тендерот од 136 милиони евра за пречистителната станица во Скопје. Во обвиненијата имаше и предупредувања до градоначалничката Арсовска дека можеби за една година ќе се најде во Обвинителствато за да дава исказ, но обвинувања имало и од страна на Арсовска дека директорчињата на Мицковски биле фатени со рацете во медот и го нарекла Мицковски „шпицен градоначалник“.

Градоначалничката на Град Скопје изјавила дека во партијата ВМРО – ДПМНЕ имало храбри и чесни луѓе, но Мицковски не бил еден од нив. Арсовска го побарала Мицковски и упатила прашање за тоа каде се крие во моментот Мицковски, зошто тој не е присутен на седницата, и продолжила да упатува обвинувања кон него, по што била исклучена од говорницата.

Подоцна повторно била вклучена но Арсовска и во понатамошното обраќање продолжила со жестоки прозивки, велејќи дека пред да ги фати директорчињата со рацете во медот била најдобрата градоначалничка, а сега одеднаш таа не чинела, кажала дека кога таа зборува гласот не и треперел бидејќи ја зборувала вистината, а на Мицковски и рацете и гласот му трепереле бидејќи лажел со неговите изјави.

Своето обраќање градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го завршила со барање за оставка на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Подготвено од М.Н.

About Author