https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/572570557828213

13.09.2022 Скопје

После оставките на директорите на ЈП Градски паркинг и депонијата Дрисла, се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која вели дека им дала избор на директорите, или да си дадат оставка или ќе бидат разрешени.

Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска, на социјалната мрежа фејсбук, напиша дека поради несоодветното работење и неиспорачување на позитивни резултати и непочитување на насоките кои се давани од Град Скпоје, директорите добиле понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени од своите функции.

Арсовска напиша дека градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите кои се носители на овие одговорни раководни функции во градот, се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје треба да биде модерен град за сите скопјани, а не град на политички лидери, стои во објавата на градоначалничката Данела Арсовска.

Подготвено од М.Н.

About Author