https://www.facebook.com/photo/?fbid=765861048070043&set=pcb.765861161403365

02.09.2022 Скопје

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, министерката за одбрана Славјанка Петровска ги запознала членовите на Комисијата со информацијата и потребата на Армијата за набавка на современ систем за противвоздушна одбрана.

Министерството за одбрана пристапува кон набавка на современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе се склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција.

Станува збор за повеќегодишната набавка на системи за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласност планот за опремување и модернизација на Армијата.

Во изминатите две децении не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана, кој е потребен пред се за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author