https://www.facebook.com/ZaharievaEkaterina/photos/pb.100044635950173.-2207520000../2922120471435898/?type=3

30.09.2022 Скопје

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, обвинува дека антибугарското расположение во Република Северна Македонија одамна се претвори во антиевропско, а граѓаните на Северна Македонија се жртва на југословенската пропаганда на омраза кон Бугарија.

Во интервју за една од агенциите во Бугарија, Захариева потврди дека во Брисел разбираат дека македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е местото во ЕУ. Воедно, додаде дека сите се свесни кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија.

Во врска со однесувањето на навивачите на фудбалскиот натпревар на репрезентациите на двете држави во Скопје, Захариева порача дека на политичарите во Скопје едно треба да им биде јасно, а тоа е дека ЕУ гарантира подобар живот за нивните граѓани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author