https://www.flickr.com/photos/147696170@N02/31937944434/in/photolist-QEfjbo-GB6ap9-21YSDWS-2nkfHwB-2h94hgZ-KfcQaU-HTcsN4-Mv35RL-2bqkxkF-Lk5iov-2krewX1-NNGnxL-2nF7uMt-SC5ErW-2jXHXtb-2n1PFES-2n1Ro36-2jXEjpQ-MU15YZ-2jXJNTu-2jXHXtw-NJnpTR-2jXJNUB-UdP29y-2nkfHAu-2kVAdX3-4XkNRt-2e5763q-YZWDkf-VVmAPY-2nHKVvv-2nhdeZd-JJmmbv-JJmkyD-271Edye-25CjXuj-2mHYsE5-MWCJse-2nNuabP-QLRcyA-K8RDGw-E8hBjr-25CkjgE-2nNua5M-25CjYXj-2nhyd1f-29gorN2-QPTXcw-2nhyd15-2nLmqiR

29.09.2022 Скопје

Анексијата на украинските региони кон Русија, кои треба да бидат завршени утре, немаат место во современиот свет. Рускиот претседател Владимир Путин, во текот на утрешниот ден ќе иницира официјална анексија на 15 отсто од украинската територија и ќе претседава со церемонија на потпишување на договор за припојување на четири украински територии кон Русија.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека секоја одлука да се продолжи со анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје не треба да има правна вредност и заслужува осуда.

Гутереш изјави дека секоја анексија на територија на некоја земја со употреба на сила ги крши Повелбата на ОН и меѓународното право.

Гутереш нагласи дека секоја руска одлука која ќе продолжи во истата насока дополнително ќе ги загрози изгледите за мир, ќе ги продолжи драматичните влијанија врз глобалната економија, особено на земјите во развој, и ќе ја попречи способноста на ОН да испорача итна помош за Украина и другите земји.

Подготвено од М.Н.

About Author