https://www.facebook.com/chamber.mk/photos/a.317765408280812/3914978565226127

23.09.2022 Скопје

За време на Конференцијата за паметни градови во Тирана, Американските стопански комори на Република Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, одржаа работна средба на која се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој.

Американските стопански комори се обрзуваат да ја унапредат својата меѓусебна соработка и да ги детектираат неискористените можности коишто би произлегле од зајакнувањето на нивните меѓусебни врски, а се заложија да продолжат да работат заедно за содавање на подобра деловна и инвестициска клима, отстранување на трговските пречки и поттикнување на слободното движење на капиталот, луѓето, стоките и услугите.

Американските стопански комори ги повикуваат регионалните лидери да ги забрзаат реформите и соработката во насока на усогласување на своите државни економии со правилата на Европската Унија, нејзините дигитални и зелени агенди, како и за унапредување на односите со САД, поради соочувањето со бројните предизвици, вклучувајќи ги енергетската безбедност, недостигот на човечки капитал, нарушувањето во синџирите на снабдување, трговските бариери, сајбер безбедноста и климатските промени.

Американската стопанска комора во Република Северна Македонија е бизнис асоцијација, која претставува 130 компании со различна големина, од речиси сите сектори, пренесувајќи го нивниот глас за одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис средина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author