30.09.2022 Скопје
Амбасадата на Русија во Црна Гора, соопшти дека ја има прекинато работата на конзуларниот оддел на неодредено време, поради како што е наведено во соопштението, непријателско постапување на црногорските власти.
Министерството за надворешни работи на Црна Гора, претходно имаше прогласено шест руски дипломати за непожелни лица во државата.
Поради таа донесена одлука на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, Русија веднаш донесе одлука за прекината работа на колзуларниот оддел во амбасадата на Русија, и упати соопштение до граѓаните, доколку имаат потреба од конзуларни услуги можат да се обратат на амбасадите на Русија кои се наоѓаат во соседните земји.
Подготвено од М.Н.