25.09.2022 Скопје
На 25.09.2022 година во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од сите Сектори за внатрешни работи, во соработка со инспектори од државните инспекторати и од Управата за јавни приходи на територијата на целата држава, спроведоа акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, контрола за точење и продавање алкохол на малолетници, откривање и злоупотреба на престој од страна на странски државјани и други прекршоци во која беа контролирани вкупно 279 угостителски објекти.
При контролите се константирани шест прекршоци за присуство на малолетници во угостителски објекти по дозволеното време, две кривични дела „точење алкохолни пијалаци на малолетници“ казниви по чл.204 од Кривичниот законик, девет прекршоци од Законот за регистрирање на готовински плаќања и три прекршоци од Законот за лична карта.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Подготвено од А.Ѓ.