https://www.facebook.com/Armija.Republika.Severna.Makedonija/photos/a.1129661263878498/1877616639082953

30.09.2022 Скопје

Армијата на Република Северна Македонија доби 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за сајбер одбрана.

Американската поддршка е во насока на достигнување на НАТО целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците во Алијансата.

Членството во НАТО е уште еден катализатор за уште посилна соработка помеѓу сојузниците како Северна Македонија и САД, со што се зацврстува и колективната одбрана на Алијансата.

Од Министерството за одбрана соопштија дека САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети. Воедно, и дека овие 78 милиони долари се значителна поддршка во развојот на капацитетите, имајќи предвид дека во изминатите 30 години, преку програмата за меѓународна воена помош, САД има донирано воена опрема во вредност од 160 милиони долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author