06.09.2022 Скопје
Борис Џонсон го оддржал својот проштален говор за нацијата, опишувајќи се себеси како „ракетен засилувач кој ја завршил својата работа“ како лојален премиер. Џонсон се споредил себеси како Синсинат, римски државник кој според енциклопедијата „Британика“ стекнал слава со својата несебична посветеност на републиката во време на криза, пред да поднесе оставка и да се врати на својата фирма.
По речиси три години како премиер, Џонсон сега се преселил на резервните клупи, каде што, како што некои шпекулираат, ќе биде пркосен, ќе прави проблеми и ќе планира враќање во стилот на Трамп.
Но во својот проштален говор, Џонсон ветил дека ќе застане позади Лиз Трас на секој чекор, и порачал на Конзервативната партија дека треба да застане зад новиот премиер.
Џонсон потоа треба да се упати кон Балморал за официјално да ја поднесе својата оставка на кралицата Елизабета 2, пред да пристигне новата премиерка Лиз Трас.
Подготвено од М.Н.