15.09.2022 Скопје
По најавата пред еден месец за вонредна ревизија за вработувања кои ги има склучено екс – директорот на ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, Златко Перински, покажа дека речиси 100 лица се нововработени за само неколку месеци, реагираат од Град Скопје.
Од Град Скопје изјавиле дека нема да толерираат расипничко однесување од било која институција, особено она кое претставува дополнителен товар на буџетот во услови на економска и енергетска криза и од тие причини се ревидира оправданост на новите вработувања во јавното претпријатие Водовод и Канализација.
Партизацијата и корупцијата е како рак на македонското општество, особено на државните институции, кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци, истакнале од Град Скопје и појасниле дека нема да дозволат средствата кои се наменети за граѓаните да бидат трошени на вработување партиски кадри, а особено нема да се дозволи непотизам, и остварување на лични и теснопартиски интереси, се што ќе биде на штета на граѓаните, веднаш ќе биде санкционирано и стопирано, појасниле во соопштение од Град Скопје.
Подготвено од М.Н.