https://www.facebook.com/photo/?fbid=752747762714705&set=pb.100039384651153.-2207520000..

16.08.2022 Скопје

По повод 18 август, Денот на Армијата и обележување 30 години од нејзино формирање, 281 офицери, подофицери и цивилни лица, денеска добија златна значка за триесет години активна служба во Армијата. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, упати благодарност за нивната посветеност во Армијата и им ги додели златните значки во чест на активната посветеност на одбраната во овие триесет години.

Кога велиме дека Армијата започнавме да ја градиме од самиот темел, мислиме на вас. Вие ја градите и вие ја изградивте, вие бевте професионалци кои што заедно со вашите колеги создадовте историја, која ќе ја паметиме и иднината која ја посакуваме. Вашиот вложен труд и енергија, вродија големи резултати, вклучувајќи го и исориското членство во Алијансата. Сите вие, кои учествувавте во овие процеси, со гордост може да кажете дека сте уцествувале во овој процес со гордост, изјави министерката за одбрана Петровска. Министерката им препорача да го споделуваат нивното знаење и со помладите колеги затоа што, како што рече, ним им останува обврската да продолжат да го градат овој заеднички дом.

Донесовме измени во Законот за служба во Армијата кои сериозно го подобруваат стандардот на секој од вас. Ја опремуваме Армијата и ги подобруваме условите за работа на секој нејзин припадник, истакна Министерката за Одбрана, Славјанка Петровска.

Подготвено од М.Н.

About Author