24.08.2022 Скопје
Бидејќи веќе подолг период се без струја, жителите на Арачиново денеска пред канцелариите на ЕВН во Скопје се собраа на протест.
На протестот се појави и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими и заедно со своето население бараат средба со надлежните органи на конпанијата.
Околу 80 отсто од домаќинствата во селото од пред два дена немаат струја, а од ЕВН предходно информираа дека во понеделникот се има случено голем дефект поради оптоварување на трафостаниците во Арачиново.
Подготвено од М.Н.