https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3152928298290858&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

21.08.2022 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди Украинцитe да бидат особено внимателни следната недела додека се подготвуваат за прославата на Денот на независноста.

Во видео обраќање до своето население, Зеленски рече дека Украинците не смеат да дозволат Русија да шири страв и очај меѓу нив. Во Среда на 24 Август, Украина го слави Денот на независноста, а со тој датум се обележува и цели шест месеци од почетокот на Руската инвазија врз Украина.

Зеленски кажа дека очекува оваа недела Русија да се обиде да направи нешто особено грдо и зло, ја спомна и серијата експлозии кои го погодија Крим во последните денови. Оваа година можете буквално да го почувствувате Крим во воздухот, окупацијата таму е само привремена, Украина наскоро ќе се врати таква како што ја паметиме сите, рече во своето видео обраќање претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Подготвено од М.Н.

About Author