31.08.2022 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите од Европската унија да го забранат емитувањето на сите руски ТВ канали на нивна територија.
Украинскиот лидер исто така уште еднаш ги повика европските земји да го забранат влезот на руските граѓани и да го блокираат рускиот банкарен систем.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, претходно изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле целосно да го суспендираат договорот за визно олеснување со Русија, што додатно ќе го отежне влезот на руските граѓани во Европската Унија.
Подготвено од М.Н.