https://www.facebook.com/photo/?fbid=236224401998729&set=a.236224388665397

20.08.2022 Скопје

Заврши гласањето за градоначалници во Центар Жупа, во Маврово-Ростуше како и за советот на Општина Тетово.

Според целокупната кампања и текот на кампањата, партиите нормално очекуваат дека ќе ја добијат поддршката на граѓаните. Актуелниот градоначалникна Тетово, Биљал Касими очекува мнозинство во Советот, очекува дека на крајот од овој избирачки ден ќе слават мнозинство во Советот на Општина Тетово. Од опозициската партија пак нагласија дека на граѓаните им ветиле функционална општина Тетово, која ќе ги решава проблемите на сите жители во општината. Веќе доаѓаат и првите резултати, Општина Центар Жупа, конечно избра свој градоначалник, откако на денешните по втор пат повторени избори, беше обезбеден потребниот цензус од една третина од вкупното гласачко тело. Градоначалник на Општина Центар Жупа е Аријан Ибрам, кој е предложен од Турската демократска партија, кој беше единствен кандида а ова ќе му биде трет мандат на градоначалник на општината. Ибрам прв пат беше избран на изборите во 2013 а беше реизбран и во 2017 година.

Подготвено од М.Н.

About Author