https://www.facebook.com/photo/?fbid=368933442083856&set=a.231255612518307

09.08.2022 Скопје

Министерството за правда предложи нов член 403 „Безобѕирно управување со моторно возило“, што ќе се води како кривично дело кое предвидува парични или казна затвор до три години. Причините за ваквиот предлог се случувањата во изминативе години кога безбедноста на сообраќајот беше значително загрозена со многубројни дејствија наведени во членот 403, а сторители досега одговараа само прекршочно.

Со новите предлог измени во кривичниот законик се планира да се казнува кривично доколку возачите возат под дејство на алкохол со најмалку 1,50 г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, како и доколку возат во забранет правец, претекнуваат колона возила на непрегледно место и ако возат над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author