27.08.2022 Скопје
Во Будва, Црна Гора е потврдено труење со храна на гости во еден ресторант и речиси 100 луѓе пријавиле стомачни проблеми.
Црногорски портал објавил дека во Општата болница во Котор им потврдила дека минатата ноќ пристигнала поголема група на туристи со труење од храна.
Голем дел од туристите биле деца на возраст од 15-16 години но имало и возрасни пациенти. По укажаната лекарска помош, туристите се пратени во своето сместување. Од непознати извори се претпоставува дека хотелот немал дозвола за работа, но тоа останува да го потврдат инспекциските служби на Црна Гора.
Подготвено од М.Н.