21.08.2022 Скопје
Од денес па се до 28 овој месец во Галичник ќе се одржува 33 издание на ликовната колонија „Галичник 2022“. Годинава учесниците на колонијата ќе творат на тема „Одржливост“, како многу популарна но истовремено и проблематична именка во современите уметности.
Учесници на колонијата ќе има од повеќе земји и тоа од Полска, Бугарија, Данска, Србија и двајца ликовни уметници од Северна Македонија.
Одново станува збор за одлична селекција на уметници, сите со веќе завидни биографии и огромно искуство во современата уметност во светот, претставници на своите земји на престижното Венециско биенале и секако уметници со исклучително меѓународно излагачко реноме.
Со вакви врвни ликовни уметници, се невестува уште едно одлично издание на ликовната колонија „ Галичник “, велат организаторите на овој културен настан.
Подготвено од М.Н.