16.08.2022 Скопје
На фестивалот Таврида на Крим, рускиот претседател Владимир Путин ги нарече залудни обидите да се поништи руската култура и самата Русија. Путин истакнал дека оваа година во тимот на фестивалот има и луѓе од ослободените територии од Доњецката и Луганската народна република. Денес се заедно и подготвени се да ги здружат напорите за да се постигне заедничка цел, а тоа значи дека народот знае дека треба да бидат сите заедно за да бидат силни. Целата богата илјадогодишна историја на Русија ве учи на тоа, изјавил рускиот претседател Путин.
Путин изјавил и дека покрај сите тешкотии и искушенија сега е време за нови можности и крајно време е да се биде уште по храбар, бидејки да се уништи Русија е едноставно не замисливо и за жал западот се уште не ги има научено лекциите од историјата, додаде Путин од фестивалот Таврид на Крим.
Подготвено од М.Н.