https://www.facebook.com/photo/?fbid=625803362234322&set=a.487435399404453

12.08.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со новиот шеф на бугарската дипломатија, Николај Милков.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија соопшти дека европските интеграции на Македонија и заложбите да продолжи развојот на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, биле меѓу темите на телефонскиот разговор. Во соопштението стои и дека упатувајќи му честитки на Милков за новата функција, Османи изразил подготвеност за континуитет во рамките на продлабочената соработка, со цел зацврстување на пријателството меѓу двете земји.

За време на телефонскиот разговор бил поздравен почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и била нагласена европската перспектива за земјава, како взаемен интерес не само на двете држави, туку и на целиот регион, а и на самата Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author