28.08.2022 Скопје
Европската Унија планира да го суспендира договорот за патни визи со Русија. Планот за замрзнување на договорот од 2007 година би требало како што се наведува, да им го отежни и поскапе на Русите добивањето на документ за влез во Шенген зоната.
Оваа одлука доаѓа откако источните земји, членки на ЕУ се заканија дека еднострано ќе ги затворат своите граници за руските туристи, додека други земји повикаа на колективна акција за да се спречат руските граѓани да патуваат во ЕУ со туристички визи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така повика на целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ. Мораме да испратиме сигнал до руското население дека оваа војна не е во ред, дека не е прифатлива, изјавил официјален висок представник на ЕУ. Тој изјавил и дека до крајот на годината можно е да се воведат поостри радикални мерки и промени за руските граѓани кои ќе бараат да влезат во ЕУ.
Подготвено од М.Н.