https://www.facebook.com/photo?fbid=616459826511598&set=pcb.616459909844923

02.08.2022 Скопје

Утринава за верскиот празник Св. Илија заедничка литургија сослужуваа владици на СПЦ и МПЦ-ОА во манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Врањскиот епископ г.Пахомије чиноначалствуваше со заедничката литургија, а на литургијата сослужуваа Кумановско-осоговскиот митрополит г.Григориј и Епископот Стобиски г.Јаков од МПЦ-ОА и епископот Давид од ПОА.

Во манастирот Прохор Пчински, празникот Илинден денес ќе го одбележат и Македонците во Србија, бидејќи 2 Август е државен празник за македонското малцинство во Србија.

Покрај македонско државно-црковната делегација, од српска страна на чествувањето ќе присуствуваат и министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г.Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author