24.08.2022 Скопје
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски вели дека како дел од власта не сака и не смее да се меша во работата на правосудните органи, а со самото тоа и да ја коментира суспензијата на јавната обвинителка, Вилма Русковска.
Според премиерот, судството и обвинителството се независни од Владата и воопшто од извршната власт. Она што Владата има обврска да го направи е да подготви соодветни законски решенија и да обезбеди независен Буџет, што веќе и како влада на власт го има направено. Она што јас како премиер можам да го направам е да упатам апел до сите независни институции кои постојат во Република Северна Македонија е дека треба да вршат ефикасна и праведна работа за да со тоа ја придобијат довербата на граѓаните во нашата држава, изјави во еден медиум, премиерот Ковачевски.
Подготвено од М.Н.