https://www.facebook.com/773593379650358/photos/basw.AbrZfn1-d7HTOkr_CkdC8C9Ibz4odFi9WstHBdH6VnC7NRS28EVjocBPfDkxQoYrr7c0JcoxGCJ_3TS3Vt4FxXZ5E7NW0ZPrW9WkSZcMsYXhiigQyHsdRunSOlPLwXVcjtAgivFj7YF7TcNNR886CHImx95ku3sGsg1tN8pnbJiJ4Q/1787095524966800/?opaqueCursor=Abqi_MEUfPMM69mXr4-pzE513xSMn7JDqoR9wME0P55cEqLA40JBLbojXGazZSLqXV5rVYrIpAXMoSzQ2s-x8kZdUesOSFic6eJxds7jDVLWkqXhuP65yUhE6YMYyurbHArN0XKX5dqJ87kT-vaXKM8NSKjkHHMpfFBWvsMFECt1LwFM6geqKzLeQGYfLs8hCi1gLEc-GQ5VEzDZeN5v-UkywaAciCHXFcUoWmp8kqGKu6k0s425hppeWMZihdIX6_5xveoQWjYOfxWPaljP1xYPV8M98IbzuY3EVlRgvrEpOQOzqAtxEuyc2_MmWYi7jEP68PoFxsG1UfiLGovZPJUNjdToZb3focC90ltYCCErZ1qBIRDUqwLGzeI2Xdxw8wsHkR7W7WJZNu5xiM6pQHU15qeMPKyKv0Ae3K20wfvKhuYTELM7n9Qqlnv2kSM0mieouzTx4mHEDShieQC6JMxsQOfGl3GnQsMQ6zLy3hXivKNuDriL4Pg9AJdlh5rUlFajttiqun1u_G0GiXVzniNXd3cJ7pSlS53jmYnjfu9kpdxfbLkvP-WiKbEwLhFfhz5QNJgVW2xYLIJ_5AaGvxkGpR14gnmxgHhL22lFBCt0H5Djz3tyc1YvoW7YRMnJEVzx3TnkTcR0vmXooryV2l24GvTP10TELKMmx5GoFvd9NvDtvjWl1nEcC4lY768zu9BaWKL9ns9BeuXY_Ot7yXAOtUx6tlDbLJMOL19W7hbDc3JBlOc_vRysOJZnijX18FKrdokX4DWbiovxcRDDF6vbzgERLf5dBUo_Gjhqp-3t7zFt20Hg6wHZ-Tbg_uwbkT5JelOlL3Ws25f8XkpLfnp8

13.08.2022 Скопје

Од 1 до 4 Септември 2022 година ќе се оддржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се организира под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како иницијатива на „Отворен Балкан“. Саемот на едно место ќе ги собере мајсторите на производството на најдобрите вина во регионот и ќе го промовираат Балканот како туристичка дестинација. Покрај земјите членки на Отворен Балкан, се очекуваат и изложувачи од Хрватска, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Босна и Херцеговина и други земји.

Од Северна Македонија се очекува да присуствуваат 47 излагачи. За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното, а оценувањето ќе го вршат 25 меѓународни вински судии од целиот свет. За време на саемот посетителите ќе имаат можност да посетат различни тематски дефинирани сали, да се едуцираат и да научат се што сакаат да дознаат за историјата и потеклото на виното, да го вкусат и да купат некои од најубавите вина на Балканскиот регион и светот. Идејата на оваа иницијатива е да обезбеди поголеми и подобри можности за трговија, размена на работници, студенти и знаење, како и поттикнување на понатамошна ЕУ интеграција, притоа промовирајќи ја богатата култура и традиција на трите земји. Владата на Република Србија го изрази своето задоволство што Србија е домаќин на овој голем меѓународен саем, што е уште еден доказ за важноста на иницијативата Отворен Балкан.

Подготвено од М.Н.

About Author