27.08.2022 Скопје
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска се обрати кон нацијата и изјави дека парадата „Евро Прајд“ ќе биде откажана. Вучиќ во своето обраќање до јавноста објасни дека не го радува тоа, и дека тоа ги загрозува правата на малцинството, но дека државата донела таква одлука под притисок на бројните проблеми.
Се соочуваме со тешка криза на Косово, која нема да заврши до 31 Октомври, Србија нема да се откаже од табличките на Косово и Метохија, ниту ќе прифати Србите од Косово да не им се гарантира дека ќе можат да излезат и да влезат без документи од Приштина. ој посочи и на многуте лаги кажани за парадата на гордоста, за наводите дека Прајд ќе го уништи високиот морал на црквата, каде, како што истакна, литургии држат екскумуницирами монаси, а ги закажуваат некои кои се осудени за семејно насилство и други кривични дела.
Вучиќ додал дека има многу луѓе кои искрено веруваат дека тоа е големо зло, но дека признава дека откажувањето ги цзагрозува и правата на малцинството, бидејќи државата е притисната од проблеми.
Српскиот претседател изјавил и дека треба да се срамат оние кои парадата ја споредуваат со одбраната на Косово, како и оние партии кои живеат од омраза кон хомосексуалците.
Подготвено од М.Н.